Македонија

Нападнати полицајци, насилство на стадион – уапсени се 21 навивач, од кои двајца на „Шкупи“

Нападнати полицајци, насилство на стадион – уапсени се 21 навивач, од кои двајца на „Шкупи“

На 27.07.2023 година во врска со фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК Шкупи од Скопје и ФК Левски од Софија Република Бугарија приведени се 19 навивачи од Република Бугарија, поради нарушување на јавниот ред и мир пред и за време на натпреварот.

dobivaj vesti na viber

„Од нив, осум лица за насилство на спортски натпревар, две лица за физички напад на полициски службеници кои вршеле службени дејства, а девет поради агресивно однесување кон нив. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Околу полноќ полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода и двајца навивачи на навивачката група на ФК Шкупи, кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. И тие се приведени и ќе се соочат со законски предвидените поднесоци“, велат од МВР.

„Макфакс“ објави и снимки каде се гледа судирот меѓу навивачите и полицијата.

Макфакс

На почеток