Македонија

Kовачевски: Вратениот директор во МЕПСО ќе треба да ја врати испратнината ако сака да работи таму

Kовачевски: Вратениот директор во МЕПСО ќе треба да ја врати испратнината ако сака да работи таму

Премиерот Димитар Ковачевски ќе го повика на разговор менаџментот на МЕПСО откако на функцијата директор на ИТ – секторот се врати поранешен разрешен директор кој добил и испратнина. Одговарајќи на новинарско прашање денес на поставувањето камен – темелкин за нова полициска станица во Аеородм, премиерот Ковачевски не отфрли можност разрешениот директор да остане на функцијата.

dobivaj vesti na viber

„Се рaботи за сектор кој има дефицитарен кадар. Не е тука работата дали етички или неетички туку законски или незаконски. Менаџерите одат од една во друга комапанија па се враќаат во истата. Ќе ги повикам на Влада да ги покажат сите детали, директорот треба да ја врати испратнината ако сака да работи тука“, рече премиерот Ковачевски.

Тој потсети дека неодамна во МЕПСО промовираа нова софистицирана опрема која треба да се управува, а ИТ-кадарот е дефицитарен.
Дека враќањето на разрешениот директор на истото работно место три години откако добил испратнина е нелогично и неетички рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Макфакс

На почеток