Напаѓачите се идентификувани, приведени се 19 бугарски државјани, вели Спасовски
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се идентификувани напаѓачите кои со нож прободеле навивач на „Левски“ вчера во Чаир и дека се работи на нивно пронаоѓање.
Министерот рече дека возилата со бугарските регистарски таблички кои отишле во Чаир да провоцираат влегле во Македонија во приватна режија, односно без да го користат организираниот превоз за мечот со „Шкупи“ во Скопје.
– Таму се идентификувани веќе напаѓачите, таму моментално работат колегите, јас очекувам во скоро време да ги имаме детално сите информации, рече Спасовски.
Неговото лично мислење е дека бугарските навивачи се тие кои отишле да направат намерна провокација и да дојде до немири.