Македонија

17-годишно момче загина во сообраќајна несреќа со мотор во Струмица

17-годишно момче загина во сообраќајна несреќа со мотор во Струмица

Загина 17-годишно момче во сообраќајна несреќа на булеварот Гоце Делчев во Струмица, а кое било сопатник.

dobivaj vesti na viber

„Синоќа, на полноќ, на булеварот Гоце Делчев во Струмица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“, со струмички регистарски ознаки, управуван од 17-годишно момче од село Градашорци, Струмичко, и патничко возило ‘бмв’, со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ѓ. Д. (25) од село Босилово, Струмичко“, информира СВР Струмица.

Од повредите на местото на несреќата починал 17-годишен сопатник на мотоциклот. Лекар од итната медицинска помош во Струмица констатирал смрт, а тешки телесни повреди добил возачот на мотоциклот.

Макфакс

To Top