Ковачевски ќе ја викне Данела за да помогне Скопје да заличи на метропола
Премиерот Димитар Ковачевски денеска посочи дека ќе ја повика градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за да помогне околу тоа градот да заличи на метропола.
„Тоа е обврска на опозицијата која се фалеше дека ќе го направи Скопје Метропола но за жал денес погледнете какво е. Не може да се доправи ништо што е започнато и од таа причина планирам да го повикам раководството на Град Скопје за да разгледаме што можеме ние како Влада да помогнеме бидејки граѓаните на Скопје заслужуваат да живеат во Метропола, а не заслужуваат ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат да се караат секој ден кој бил во право“, посочи Ковачевски.