Скопје

МВР потврди: Угина и третиот коњ од Монголија во скопската зоолошка градина

МВР потврди: Угина и третиот коњ од Монголија во скопската зоолошка градина

Угина и третиот коњ од Монголија во скопската зоолошка градина, потврдија од полицијата.

dobivaj vesti na viber

„Макфакс“ синоќа објави за угинувањето и на третото животно од видот пржевалскиев коњ, што важи за многу ретка и скапа раса која што потекнува од Монголија.

Со тоа, во период од два дена угинаа трите пржевалски коња, а засега постои само сомнеж дека можеби биле отруени. Причината за смртта сепак не е официјално потврдена, а по обдукцијата ќе се знае дали пцовисале поради погрешен третман или отров.

Од скопската Зоолошка градина засега без објаснување што се случило со коњите.

Животните во Скопје беа донесени од национален парк во Австрија како донација на приватна фирма, а познато е дека не секоја зоолошка градина во светот може да се пофали со коњи од овој вид во својот простор.

Во ЗОО Скопје од инфекција од салмонела пред два месеци и угина и жирафта Каспер.

Макфакс

To Top