Македонија

Македонија се усогласува со директивата за промена на времето, одлуката ќе ја донесе Владата

По усвојување на предлог-директивата, претстои усогласување на националното законодавство на Република Македонија и определување на начинот на транспонирање на директивата, а предлогот од страна на Бирото за метрологија ќе биде доставен до Владата на РМ на одлучување.

Викендот 28-ми кон 29-ти овој месец во Македонија ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат, а согласно донесената одлука во Европа да се укине промената на времето, во Македонија се следи процесот на усвојување на предлог директивата и претстои усогласување на националното законодавство на РМ и определување на начинот на транспонирање на ЕУ директивата.

Предлогот на Бирото за метрологија, како што не информираат од Министерството за економија, ќе биде доставен до Владата на одлучување.

„Во новата предлог директива за прекинување на сезонските промени на времето која се уште не е објавена во службениот весник на ЕК и Парламентот на ЕУ е наведено дека земјите членки треба да ја транспонираат до 1 април 2019 година и да се изјаснат за изор на стандардно време кое ќе се применува на национално ниво. Бирото за метрологија ги следи случувањата во однос на процесот на усвојување на директивата за прекинување на сезонските промени на времето. “, наведуваат од Бирото за метрологија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток