Македонија

Краткотраен пороен дожд и грмежи утре, метеоролозите најавуваат промена на времето

Краткотраен пороен дожд и грмежи утре, метеоролозите најавуваат промена на времето

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

dobivaj vesti na viber

Ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец, јавува УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. UV=8

Во Скопје умерено облачно со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 32 степена.

Од вторник следува период на стабилно време со јужен ветер и со пораст на температурата.

Макфакс

На почеток