Германскиот тенисер Александар Зверев го освои трофејот на турнирот во Хамбург. Тој во финалето го совлада Ласло Ѓере со 2:0, по сетови 7:5, 6:3. Мечот траеше нешто помалку од два часа.
Зверев ја искористи својата шанса во 12. гем од првиот сет, стигна до првите две брејк топки, ја искористи втората и поведе со 1:0 во сетови.
Вториот сет многу подобро го започна 19. светски играч Зверев, кој во четвртиот гем направи брејк и поведе со 3:1. Ласло Ѓере намали на 4:3, но Зверев успеа да додаде гас и да го комплетира мечот со 6:3 во вториот сет.
Макфакс
