Спорт

Сара Сјостром го надмина легендарниот Мајкл Фелпс

Сара Сјостром го надмина легендарниот Мајкл Фелпс

Швеѓанката Сара Сјостром влезе во историјата и ја надмина американската олимписка икона Мајкл Фелпс како пливачка со најмногу индивидуални медали на светските првенства во историјата.

dobivaj vesti na viber

Швеѓанката поседува 21 поединечен медал, наспроти 20 на легендарниот Фелпс.

29-годишната пливачка победи во финалето на 50 метри слободно со време од 23,62 секунди, што е само една стотинка од светскиот рекорд што го постави вчера за време на полуфиналните натпревари.

Австралијката Шајна Џек го освои среброто за 24,10 секунди, додека Кинеската Џанг Јуфеи ја освои бронзата со 24,15 секунди.

Ова е петта светска титула за Сјостром на 50 метри слободно, а од 21 медал во поединечните дисциплини, таа има дури 12 златни.

Макфакс

На почеток