Времето дене ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец, јавува УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. UV=8
Во Скопје умерено облачно со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 32 степена.
Од утре следува период на стабилно време со јужен ветер и со пораст на температурата.
Макфакс