Скопје

Казни за 138 возачи во Скопје, 63 возеле над дозволеното

Казни за 138 возачи во Скопје, 63 возеле над дозволеното

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје биле изречени вкупно 138 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 63 санкции, три мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Макфакс

На почеток