ЈСП Скопје: Жичарницата за празникот ќе работи до 20 часот, превозот ќе се одвива по неделeн возен ред
Од
Објавено на
Утре, поради државниот празник 2 Август – (Илинден), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а сите продажни места на ЈСП Скопје ќе бидат затворени.
Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, информира ЈСП Скопје
Макфакс