Министерот за правда, Кренар Лога, и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски, потпишаа меморандум за директна соработка помеѓу АНБ и Министерството за правда со цел заштита на националната безбедност на државата.
Со овој меморандум за соработка се утврдуваат податоците, информациите и искуствата што ќе се разменуваат и се уредува начинот и постапката на размена на податоците и информациите помеѓу договорните страни, но исто така се предвидува и размена на искуства, соработка во градење на кадровските капацитети, потребните обуки, одредување приоритети, како и други области од интерес.
Безбедноста на граѓаните и државата е еден од најважните приоритети, а соработката меѓу институциите ги зголемува ефикасноста и квалитетот на услугата кон нив. Остануваме посветени на праведна држава и безбедна иднина за нашите граѓани.
Макфакс