Македонија

Пронајдено телото на 29-годишниот маж во браната „Глажња“

Пронајдено  телото на 29-годишниот маж во браната „Глажња“

Спасувачките тимови попладнево во вештачкото езеро „Глажња“ во општина Липково го пронајдоа телото на 29- годишен локален жител по кого се трагаше неколку дена, потврди Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи за „Макфакс.“

dobivaj vesti na viber

Во потрагата на момчето, кое минатата недела исчезна во водите на вештачкото езеро, беа вклучени шест нуркачи од единицата „Тигар“, осум нуркачи од единицата „Волци“, како и тимови и нуркари од ДЗС.

При потрагата асистираа и полицајци од СВР Куманово.

Макфакс

На почеток