Македонија

Беќаровски: Луѓе со минимум 20 години искуство за раководители на Клиниките, да се зголемат и платите на лекарите оти ќе останеме без нив

Беќаровски: Луѓе со минимум 20 години искуство за раководители на Клиниките, да се зголемат и платите на лекарите  оти ќе останеме без нив

Директорот на Клинички центар да го бира Владата, a како раководители да бидат вработени на клиниката со минимум 20 години искуство, ова го истакна доктор Нико Беќаровски, член на Иницијативниот одбор за формирање синдикат, кој денеска се спои со синдикатот на Клиничкиот центар во докторски одбор „Хипократ“.

dobivaj vesti na viber

„Иницијативниот одбор ја поздравува идејата за спојување на Клинички центар, тоа беше една од нашите заложби. Меѓутоа, од друга страна, спојувањето треба да значи и професионализација на клиниките. Што подразбираме под тоа? Директорот на Клинички центар, да, може, нека го бира Владата, меѓутоа раководителите на клиниките исклучиво да се бираат од редот на вработените на клиниката со минимум 20 години искуство да бидат специјалистичко, пожелно би било секако да бидат од редот на професорите коишто се на таа клиника. Ние направивме една груба проценка дека само по основ на втор директор којшто постои моментално во клиниките и по основ на управни одбори, годишно околу милион и сто илјади евра се неповратно фрлени без никаква конкретна импликација, освен што служи за вработување на кадри“, потенцира Беќаровски.

Резултатот од т.н „вечерни школи“, како што вели е неквалитетен кадар.

„Секој најдобро знае каков персонал му фали. Во моментов се случува од денеска да добиеме писмо дека овој е прераспределен кај вас, овој е тргнат од кај вас. Со ваков начин, квалитет нема. Верувајте, има сестри коишто не знаат да ја стават иглата на шприцот. Таква сестра не може да работи на Клинички центар. Не би требало да работи ни на друго место. Се дисперзираа, секаде се отворија школи, се завршуваат вечерни школи, од таму произлегоа неквалитети“, оцени Беќаровски.

Истовремено лекарите го повторија и барањето за зголемување на платите.

Во спротивно најавуваат протести и напуштање на јавното здравство. Ова го најавија од Синдикатот на Клинички на кому му се приклучува и докторскиот одбор.

„Ние бараме со августовската плата да се изврши тоа усогласување со минималната. Доколку тоа не се реши пред покачувањето најавено во септември ние ќе почнеме да ги користиме сите законски акти и прописи, а тоа значи дека може да има приватни и колективни тужби до Фондот за здравство и до Министерство за здравство а во согласност со членството, во консултации со членството може да почнат и протестите“, вели Серафимовски.

„Како што се најдоа пари за судиите и за функционерите така треба а се најдат пари и за лекарите, вели доктор Нико Беќаровски“.

Доколку не се исполнат барањата на лекарите, тие ќе преминат во приватното здравство а младите лекари ќе заминат од државава.

Покрај зголемување на платите се бара и обединување на сите клиники во еден правен субјект со што како што велат, ќе се заштедат огромни суми пари од плаќање на организационите директори и непотребните управни одбори и тоа од над милион евра. Од синдикатот се бара и регулирање на специјализациите како и статусот на сите вработените со договор на дело подолг од 6 месеци.

Макфакс

На почеток