Нискостеблеста шума – грмушки и трева горат во пожарот кај Богданци, што попладнево се приближи и до ветерниците.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, од местото на пожарот изјави дека и покрај дејството на двата авиони „ертрактори“ и храбрата борба на пожарникарите од Гевгелија и Валандово, како и еден пожарникарски тим од Дирекцијата за заштита и спасување, огнот се’ уште не е изгаснат.
Дејствувал и хеликоптерот на МВР, кој како што рече Ангелов бил прецизен и значително помогнал во совладувањето на пожарот.
Пожарот што избувна околу 11 часот, попладнево се засили.
Макфакс