Пожарот кај Богданци се засили и покрај интервенцијата на двата „ертрактора“ кои направија повеќе од 19 налети прецизно исфрлајки ја водата врз огнот, објави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Анеглов.
На пат кон овој пожар испратен е и еден хеликоптер на МВР.
Пожарот се доближил на 300 метри од ветерниците.
Огнот избувна денеска околу 11 часот во месноста Брдаров камен.
Во гаснењето учествуваат и пожарникари од Гевгелија и Валандово.
Макфакс