Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ.
На ГП „Богородица“ за излез и на ГП „Табановце“ за влез во државата има зголемена фреквенција, времето на чекање е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ потсетуваат дека на повеќе патни правци во државата се одвиваат градежни работи и препорачуваат внимателно возење и почитување на патната сигнализација.
Макфакс