Со вонредна информација РЦУК-Штип информира дека пожарот кој избувна вчера помеѓу Штипскиот затвор и с. Драгоево кој беше ноќеска локализиран и ставен под контрола, во 08 30 часот повторно се активира и се шири кон с. Драгоево.
ТППЕ- Штип веќе се тргнати кон местото на настанот, како и екипа од полиција. Состојбата се следи, повеќе информации подоцна.
Макфакс