Негово право е, еве ќе речам и добро е што заминал на одмор. И изборот на дестинацијата не е спорен, ниту пак проблематичен. Но тоа што е спорно е лицемерието на Димитар Апасиев, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар за одморот на Апасиев.
Стоилковски нагласи дека Апасиев е лицемерен и дека тоа е во фокусот на јавноста бидејќи од партија Левица постојано нагласувале дека 65 проценти од населението не може да замине на одмор ниту во Македонија поради сиромаштијата.
– Заминува на одмор во луксузно летувалиште, додека над 65 проценти, според соопштение на Левица, неговата партија, не може да заминат на одмор ниту во Македонија. И спорно е тоа што Апасиев не е прв пат лицемерен. На пример овој луксузен одмор може да го плати со уживањето со платата покачена за 78%. Или на пример со користење на службен луксузен автомобил со возач, наспроти приказните за скромен половен семеен автомобил, рече тој и додаде дека верува оти јавноста не ја интересира одморот, туку лицемерието и тоа е суштината на фокусот на јавноста.
Макфакс