Вчера во 13,15 часот, на плажа на брегот на Охридското Езеро, приведени се четири млади лица од Битола – С.Б.(19), Ј.Ј.(19), Ј.С.(19) и А.Р.(19) кај кои при извршен преглед, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронашле и одзеле марихуана.
Истиот ден вечерта во 23,30 часот, на Кеј „Македонија“ во Охрид, приведен е С.С.(23) од Грац, Австрија. И кај него при преглед извршен претходно, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.
Против сите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Макфакс