Немам дежурство на Токсиколигоја без пациенти на кокаин и вијагра, открива доктор од државната клиника
Од
Објавено на
Докторот Нико Беќаровски на својот фејсбук профил сподели искуства од ноќните дежурства на Универзитетската клиника за токсикологија.
„Ако злоупотребата на кокаинот е репер за влез во ЕУ, веќе две-три години сме таму. Последните 12 месеци немам дежурство без вакви пациенти, најчесто околу 30 години, со црни џипови и секогаш со уште 5-6 испиени најскапи вискија, често зачинети и со вијагра. Грам кока, зависно од квалитетот, е меѓу едно обично и викенд дежурство на лекар. По секое дежурство патот кон дома ме води покрај децата кои питачат на крстосниците и нивните родители кои собираат пластика од контејнерите“, напиша Беќаровски.