„29-годишниот Американец стана агресивен откако му било кажано да седне на своето место. Следуваше тепачка, а екипажот и патниците успеаја да го совладаат“, рече таа.
Неколку патници се полесно повредени.
Авионот ербас А330-200 добил дозвола да слета на аеродромот Амстердам-Шипол, а полицијата го уапсила бунтовникот, кој потоа беше испратен на психијатриски преглед.
Портпаролката на КЛМ, Хелен Макинга, рече дека холандската авиокомпанија „жали поради инцидентот“ и дека екипажот постапил според пропишаната постапка.
Военото воздухопловство наведе дека ловците, вооружени со проектили, не се испраќаат освен во исклучителни околности.
