Македонија

Министерот за здравство со евтин ПР сака да ја купи јавноста

Министерот за здравство со евтин ПР сакаше да ја купи јавноста, да ги оправда недостатоците, згрешените рокови на вакцините, како и низата контроверзии. Но, наместо тоа, направи серија грешки и од епидемијата на морбили се создаде шпанска серија.

2 јануари 2019 година
Во Скопје се појавија повеќе случаи на лица заразени со морбили. Поради тоа, беше прогласена епидемија. Филипче излезе на прес-конференција со уште неколку други лица и објаснуваа колку се може да биде страшно.

5 јануари 2019 година
Во јавноста се пласира инфорамцијата дека во диспанзерите се чуваат вакцини со погрешен рок. На ова има жестоки реакции. Истиот ден, од Министерството за здравство тврдат дека проблемот бил во етикетите, а вакцините се безбедни за користење.

8 јануари 2019 година
Филипче спроведува вонреден испекциски надзор и вели дека сите вакцини се со добар квалитет. Најавува санкции за „Македонијалек“. Министерот и министерството не наложија повлекување на вакцините, оти констатирале дека се со добар квалитет.

10 јануари 2019 година
За да ја поткрепи тезата дека вакцините се со добар квалитет и не се со поминат рок, министерот Филипче на социјалните мрежи објавува фотографија од него и неговата внука Илина на која пишува дека тој ја однел на вакцина. Јавноста ова го сфаќа како пропаганда, медиумите објавуваат. Целата кампања добро се пробива во јавноста, но не за долго. Во моментите кога министерот ја носи внуката на вакцинација, сите зборат за МРП вакцините.

11 јануари 2019 година
Граѓаните реагираат на фотографијата и тврдат дека внуката на Филипче не била вакцинирана, а иглата била со капаче. Според нив има низа пропусти кои можат да се видат на фотографијата и велат „Докторката не носи ракавици, не е сликано во орднација, детето на вакцина го носат родителите а не чичкото“. На овие коментари, Филипче не реагира.

15 јануари 2019 година
Министерството констатирало дека декларациите на вакцините биле погрешни. Филипче продолжува да тврди дека ќе се бара максимална казна оти бил нарушен угледот на јавното здравство. Филипче не ја коментира кампањата со вакцинирањето на неговата внука.

24.01.2019
Сите МРП вакцини на кои стојат погрешно залепени декларации ќе бидат уништени од страна на компанијата „Македонија лек“, која ги дистрибуира. Одлуката ја донела Агенцијата за лекови и медицински средства. Ова е нова одлука по 19 дена, за вакцините кои Филипче тврдеше дека се со добар квалитет. Министерот бараше максимална казна за „Македонијалек“, а со неговото тврдење дека вакцините се употребливи, а потоа дека не се и треба да се уништат, повторно го отвори прашањето колку навистина вакцините се безбедни?

27.01.2019
Министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за „Радио Слободна Европа“ изјави дека вакцинирањето на неговата внука било со цел да ги увери граѓаните дека вакцините се безбедни, но и дека таа е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП.

Како Филипче ја изманипулира целата јавност?
Преку игра со зборови. Тој ја вакцинира својата внука за да со свој пример покаже дека вакцините се безбедни. Во перидот кога тој се фотографира со внуката и докторката, актуелни се МРП вакцините. Не кажува со каква вакцина се прави имунизацијата, но истовремено сака да ги поттикне родителите да ги вакцинираат нивните деца против морбили. Во истиот период, се дискутира за квалитетот на МРП вакцините и на истите имаше декларации дека рокот за употреба е поминат.
Ако во прашање е доведена безбедноста на МРП вакцините, а не на останатите. Тој како здравствен работник ова најдобро го разбира. Тој уверува дека вакцините се безбедни за тоа ја користи внуката, ја имунизира, но со други вакцини. Дали вакцината со која е имунизирана неговата внука, значи дека МРП вакцините се безбедни? Секако дека не.

Филипче решава да демантира
Тој на својот профил објавува дека информациите на социјалните медиуми се лажни, тој не ја вакцинирал неговата внука со МРП вакција. Всушност, на социјалните медиуми не се пренесуваше ифнрмацијата дека неговата внука била вакцинирана со МРП вакцина, туку тој во ек на епидемија од морбили објави фотографија со вакцинација на внуката, со цел да докаже дека вакцините се безбедни.
Цели 17 дена, Филипче молчи. Кога јавноста стана бесна дека тој не ја вакцинирал внука му со МРП вакцина, тој излезе со реакција. Јавноста беше уверена дека Филипче сака да го докаже квалитетот на МРП вакцината и затоа објавил фотографија со внукаси, но потоа се почуствува изманипулирана и излажана.
Кога Филипче ги виде сите реакции, топката ја сврте кон јавноста дека пласирала лажни вести. Манипулаторскиот герила маркетинг, всушност само уште еднаш го поткрепи сомнежот за тоа ДАЛИ МРП ВАКЦИНИТЕ СЕ БЕЗБЕДНИ? ЗОШТО ЦЕЛИ 17 ДЕНА ФИЛИПЧЕ МОЛЧЕШЕ И СЕГА МУ ТЕКНА ДА РЕАГИРА ЗА ТОА ШТО СЕ ВЕЛИ ВО ЈАВНОСТА? ЗОШТО НЕ НАВЕДЕ КОНКРЕТНО СО КАКВА ВАКЦИНИРА СЕ ИМУНИЗИРА НЕГОВАТА ВНУКА? ДАЛИ НАМЕРНО ИЛИ НЕНАМЕРНО, ФИЛИПЧЕ ЈА МАНИПУЛИРАШЕ ЈАВНОСТА?

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток