Скопје

ИРЛ: Сопственик на објектот на кафулето Кино Влае станaл газда и на дел од улица за само 285 денари од метар квадратен

Сопственикот на објектот на кафулето Кино Влае станaл газда и на дел од улица за само 285 денари од метар квадратен, објави ИРЛ.

Постапката е овозможена преку Министерството за финансии. Започнала во 2014 година кога на власт е ВМРО – ДПМНЕ, а завршува шест години подоцна кога со државата управува СДСМ. Подрачна единица при Управата за имотно правни односи, одлучила да го удоволи барањето на фирмата „Аполо Инженеринг“ за приватизација на државно земјиште кое опфаќа и 153 квадрати од улицата Есперанто која се наоѓа пред кафулето Кино Влае без воопшто да излезе на терен и да утврди дека граѓаните остануваат без дел од улица за бизнис интереси.

фото: ИРЛ

На почеток