Некатегоризирани

Апeлација денеска ќе одлучува за шестгодишна затворска казна за Јанкуловска

Апелациониот суд денеска ќе одлучува по жалбата на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за случајот „Тенк“ за тоа дали ќе и ја намали првостепената шестгодишна затворска казна.

На седницата на второстепениот суд ќе се расправа по жалбата на пресудата што ја поднесе Јанкулоска, а своите аргументи треба да ги кажат и обвинителите од СЈО. Откако членовите на судечкиот совет ќе ги слушнат двете страни, треба да донесат одлука, да ја потврдат првостепената пресуда, предметот да го вратат на повторно судење пред Кривичниот суд или да ја преиначат затворската казна.

Поранешната министерка не присуствуваше на судењето кога ѝ беше изречена затворската казна, а во завршните зборови не можеше да ги задржи солзите кога ја спомна грижата за својот син.

Судењето за случајот „Тенк“ почна со тројца обвинети, Јанкулоска, поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски. Судењето за Јанкулоска беше издвоено откако остана бремена и процесот почна кон крајот на август, 45 дена по нејзиното породување. Таа беше прогласена за виновна за злоупотреба на службената положба и овластување.

Претходно Кацарска го осуди поранешниот премиер на две години затворска казна токму во овој случај, но, откако Апелација ја потврди пресудата, тој избега и доби азил во Будимпешта.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток