Некатегоризирани

Одложена седницата на која требаше да се одлучува по жалбата на Јанкуловска

Во Апелацискиот суд во Скопје е одложена седницата на која требаше да се одлучува по жалбата на ексминистерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“, во која беше осудена на затворска казна од 6 години.

Причина за одлагањето е тоа што не дојдоа адвокатите на Јанкулоска, Боро Тасевски и Сања Алексиќ. Алексиќ имала здравствени проблеми, а Тасевски не беше присутен на седницата поради приватни причини.

Судијката Цветанка Периќ им ги прифати поднесоците и судењето го одложи за 25 февруари.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток