Обвинителот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Гаврил Бубевски поднесе кривична пријава против адвокатот, Мефаиљ Арслани поради сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста “ од чл.144 ст.3 в.в ст.1 од КЗ.
Обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски поднесе кривична пријава против адвокатот Мефаиљ Арслани, за закани по животот, врз основа на изјави од колешката Фатиме Фетаи и од сведок.
Кривичната доаѓа откако обвинителката Фатиме фетаи обелодени дека како што кажа таа Арслани упатил закани „ти си наша, ама на тој каурот ќе му ја расплачеме фамилијата“, што се однесувале на Фетаи и на Бубевски.
Адвокатот Арслани негираше дека воопшто некогаш кажал закана и дека имал националистички настап со споменување термин „каур“.
