Министерството за труд и социјална политика поднесе кривична пријава против непознат сторител откако вчера во јавноста ја обелодени аферата со вториот столб во пензискиот систем.Според анализата и документите на министерството, во пензискиот фонд се направени неправилности при распределувањето на придонесите на 12 илјади граѓани, идни пензионери.Тие откриле дека наместо во вториот столб, придонесите на дел од граѓаните во вредност од 19 милиони евра останале во првиот државен столб со што им е ускратено правото на повисока пензија.
„ За таа намена на приватните пензиски друштва ќе им биде исплатена сума од 19 милиони евра обезбедени од од Буџетот на РМ. Овие средства ќе бидат распределени на оштетените осигуреници, односно на секој по околу 400 илјади денари,“ е наведено во соопштението.
