Се продава недвижниот имот на Мијалков
Агенцијата за управување со одземен имот, објави оглас за продажба на дел од недвижниот имот на поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, запленет за случајот „Империја“.
Се продаваат два стана во Охрид, едниот од 46 (+19 помошни простории) метри квадратни со проценета вредност од Бирото за судски вештачења на 5.775.234,38 милиони денари, а другиот од 58 (+ 56 ПП) метри квадратни во истата зграда, проценет на 9.032.505 денари.
Се продава и земјиште од 56.818,07 метри квадратни кај Морани во Општина Студеничани крај Скопје со почетна вредност од 17.045.421 денари.
Се продава и плац кај местото Џибарица на Кожуф од 321,81 метри квадратни, проценет на 29.686, 97 денари.
Јавното електронско наддавање е закажано за 25 август.
Претходно на аукција беа ставени запленетите акции на Мијалков во „ТТК“ банка, Тутунски Комнибат „Прилеп“, „Акцелор Митал“, Стопанска Банка Битола, „Попова Кула“, „Халк Банка“, Југотур и РЖ Услуги.