Расте бројот на управители на згради, а инспектори „ни за лек“
Последниот извештај на Регулаторната комисија за домување покажува дека во нашата земја бројот на лиценцирани инспектор за домување е премногу мал. Имено инспекторите ги има само во неколку скопски општини, и во поголемите градови од земјава, пишува Фактор.
Бројките говорат дека има вкупно 14 лиценцирани инспектори за домување, а притоа како што посочува регулаторот, најголем број на општини немаат назначено инспектори за домување.
– Ваквата состојба ја отежнува работата на лиценцираните управители, како и функционирањето на регистрираните заедници на сопственици, но истовремено се зголемуваат нерегуларностите од страна на управителите, за што укажува зголемениот број на пријави и претставки од граѓаните. Во Македонија инспектори за домување кои имаат Лиценца за инспектор за домување се во општините: Центар, Аеродром, Карпош Гази Баба, Кисела Вода, Чаир, Охрид, Битола, Куманово, Велес, Штип, Гостивар, Струмица и Кичево – укажуваат од Регулаторна комисија за домување во последниот полугодишен извештај.
Целиот текст можете да го прочитате тука