Коментари

Наместо извештаи на инспекторатот кој очигледно ги штити лекарите со сите случаи на смрт на дете да се позанимава јавното обвинителство, вели Најчевска

Професорката по право, Мирјана Најчевска смета дека Обвинителството треба да ја испита смртта на Алекс од Свети Николе. Таа не верува на извештајот од ДСЗИ, според кој, вина кај лекарскиот персонал немало.

„Наместо извештаи на инспекторатот кој очигледно ги штити лекарите со сите случаи на смрт на дете да се позанимава јавното обвинителство. Длабинска истрага за секој од случаите, наместо површни извештаи кои мирисаат на корупција. И доколку се утврди грешка во извештајот на инспекторатот секој од потпишаните инспектори и непосредно надредените да одговараат кривично за прикривање на убиство“, вели Најчевска.

Според извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), по извршениот вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Д-р Оливер, Свети Николе, потоа во Клиничка болница-Штип и во Клиниката за детски болести во Скопје, не биле констатирани недостатоци во трите институции. Во штипската Клиничка болница му била поставена дијагноза сомноленција. Сомноленцијата претставува состојба на квантитативно растроена свест (состојба на длабок сон) која се одликува со изразена поспаност.

Сепак таткото излезе со друго тврдење:

Таткото на детето кое почина: Состојбата му се влошила по примена инфузија, немал здравствени проблеми

На почеток