Македонија

Корупцијата е намалена за 22 отсто во споредба со лани, вели министерот Оливер Спасовски

Корупцијата е намалена за 22 отсто во споредба со лани, вели министерот Оливер Спасовски

Kорупцијата во првите шест месеци од 2023 намалена за 22 проценти во споредба со лани, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

dobivaj vesti na viber

Министерот информира дека во првата половина од годинава евидентирани се 47 кривични дела – кривично пријавени 80 сторители и материјална штета над 92,7 милиони денари. Понатаму 26 кривични за злоупотребите на службена положба со коруптивни елементи, а девет кривични дела за несовесно работење.

Во овој период имало шест кривични дела за примање поткуп, четири за  давање поткуп и  по едно кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело, и поттикнување во врска со злоупотреба на службена положба и овластување, пишува министерот.

Макфакс

To Top