Македонија

Харадинај до Албанците во Македонија: Не му верувајте на измамникот Курти, сите патишта и проекти се блокирани во Косово

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, им порача на Албанците во Северна Македонија дека не треба да му веруваат на „измамникот Албин Курти“.

Вака Харадинај реагираше на обраќањето на Курти при вчерашната посета на Тетово, каде рече дека патот Призрен-Тетово, како регионален проект, е многу важен и дека придонесува за развојот и на Косово и на Северна Македонија.

Харадинај на Фејсбук сподели дека на Косово се блокирани сите патишта и проекти.

„Не му верувајте на измамникот Албин Курти. Сите патишта и проекти се блокирани во Косово, вклучително и Плавскиот пат. Бидејќи веќе не може да ги лаже граѓаните на Косово, дојде да ве лаже вас, зборувајќи за патот Тетово – Призрен. Истото го пробал и во Албанија, но не му поверувале и го избркале. Не потпаѓајте на неговите трикови“, напиша Харадинај на Фејсбук.

На почеток