Македонија

(ВИДЕО) Знаме со картата од т.н. „голема Албанија“ се вееше во Тетово зад Касами, Курти, Гаши, Меџити

(Фото) Знаме со картата од т.н. „голема Албанија“ се вееше во Тетово зад Касами, Курти, Гаши, Меџити

Знамето со картата од т.н. „голема Албанија“ се вееше во Тетово на вчерашниот собир во центарот на градот. Ова се гледа од фотографијата која на социјалните мрежи ја сподели градоначалникот на Тетово, Билал Касами. Тој во првите редови со Иџет Меџити и Африм Гаши, а до нив, Албин Курти. Околу нив и десетици албански знамиња.

Организатор на настанот беше Касами. „Макфакс“ побара одговори зошто дозволил да се вее етничкиот симбол каде дел од териториите на Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се преставени како дел од т.н. „голема Албанија“. Тој не одговори на пораката. Молк и на прашањата дали ќе им се извини на Македонците и другите народи за овој чин, но и дали ќе бара санкционирање на лицата кои го вееле.

Одговор чекаме и од МВР, за тоа дали полицијата ќе бара одговорност од лицето што го извади знамето, како и од организаторот, кој тоа го дозволил.

Минатата година, овој политички симбол се вееше во Гостивар за време на свадба Тогаш, МВР постапи, идентификуваше кој го веел и поднесе пријава до Обвинителството.

Инаку, во Тетово се одржа настан на кој присуствуваше Курти, а од каде ја критикуваше Владата и порача дека Македонија треба да биде подалеку од Србија.

Макфакс

На почеток