Поранешниот директор на ЗОО Скопје: Гарантирам дека извршителот е внатре и да се казни најстрого, соопштенија во празно не помагаат
Од
Објавено на
Откако обдукцијата покажа дека коњите во ЗОО Скопје биле отруени со брзоделувачки отров, а од раководството на зоолошка соопштија дека се поднесени кривични пријави и се трага по сторителот, на социјалните мрежи се огласи поранешниот директор Ѓорѓи Галетановски.
„Камери има ние поставивме и јас гарантирам дека извршителот е внатре и треба да дознаат кој е па да се казни најстрого, соопштенија во празно не помагаат.
Недај бoже утре дете, посетител, колега ќе отрујат!!!“, вели Галетановски.