Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој наместа во западните и североисточните делови повремено ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. UV=8
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени, објави УХМР.
Во вторник во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Потоа во следните денови времето ќе биде претежно стабилно и топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Макфакс