(Видео) Документарец: Како живи изгореа 14 пациенти во тетовската болница – кој, како и што (не)направил открива ИРЛ
Како биле градени модуларните болници низ Македонија, од кои и тетовската која изгоре до темел сосе 14 пациенти, истражуваше ИРЛ. Документарецот го опфаќа спроведувањето на тендерот од Министерството за локална самоуправа, кое поради неправилности го поништува. Го следи објавувањето на нов тендер со иста спеицифкација од Министерството за здравство, но и лицето кое ја правело техничката спецификација. Тоа, според нив, по заминувањето на Венко Филипче, дава отказ и се вработува во приватен ресор.
ИРЛ открива за потпишан анекс на договор кој не бил објавен во Системот за јавни набавки. Свиркачи им даваат документи на новинарите, меѓу кои се и трите вештачења за предметот. Тоа значи дека го имале и најважното – германско вештачење.
Според ИРЛ, во модуларната болница не биле вградени соодветни кабли и приклучоци. Додаваат дека немало ниту елаборат за електричната енергија која била спроведена во конкретната изгорена градба во Тетово. Од прилогот се гледа како во моментот на пожарот имало се уште струја во разводната табла, што им укажува дека и покрај големиот пожар – осигурачите не се спуштиле. Експерт кој го говори во документарецот, посочува, дека ако осигурачите на време се исклучеле кога настанал спојот во продолжниот кабел, можело да не дојде до пожарот.
Дел од модуларните болници, меѓу кои и изгорената во Тетово ги изгради компанијата „Брако“ на Кочо Анѓушев. Во документарецот се зборува и за тој дел – како за документацијата, така и за изградбата, недостатоци.
Се осврнуваат и на истрагата која е водена од Обвинителството. Потсетија на познатиот факт дека во тетовскиот суд се гонеа лица за тоа зошто немало противпожарна опрема и зошто се пуштани лица кои не се пациенти да влегуваат во модуларниот објект – а нема обвинение за причините за пожарот.