Свет

Словенечкиот премиер Марјан Шарец, ја прифатил оставката на министерот за култура

Словенечкиот премиер Марјан Шарец ја прифати оставката од министерот за култура, Дејан Прешичек, обвинет за мобинг. Ова е втора министерска смена за помалку од четири месеци од почетокот на работата на неговата малцинска коалициска влада.
Прешичек синоќа му ја достави на премиерот писмената оставка две недели по избивањето на аферата во која тој се сомничи за мобинг над службеници во Министерството.

Случајот со лошиот однос на министерот со вработените наводно кулминирал по самоубиство на еден од вработените, кој бил присилен за министерот да извршува приватни работи во работното време, што Прешичек го негирал.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток