По скандалот во Спрингвел, Мелбурн во црквата „Свети Димитрија“, за Водици, денеска овој храм повтонрно во центарот на вниманието. Верници физички се пресметувале.
Народот бил навреден од тоа што пред неколку денови незаконската управа по инструкции на отец Миле Талески ги променила бравите на црквата, биле извадени камерите поставени од законската управа и поставила свои, со свои телохранители.
Се јавило незадоволство и затоа што Миле Талески не можел да ја врати тапијата од црквата во банка како и од дрскоста на Епархијата и нејзиниот свештеникот Јовица Симоновски.
Ова е трет конфликт помеѓу верниците и свештенството под раководството на Митрополитот Петар.
Првично вниманието во привлекоја за Водици , кога верниците и свештеникот утрото на Богојавление пристигнале пред црковниот храм „Свети Димитрија“ и наишле на заклучена црква со синџир од кој никој го немал клучот, вклучително ни свешетникот.
