Свет

Макрон: Жалам за загинатите, но тие не се жртви на полицијата

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази жалење за 11-те лица кои загинаа откако на 17 ноември во Франција почнаа протестите на „жолтите елеци“, но притоа истакна дека ниту еден од загинатите не бил „жртва на полицијата“.

– Повеќето го загубија животот поради човечка глупост, но никој од нив не беше жртва на полицијата, изјави синоќа Макрон за време на посетата на Египет, одговарајќи на новинарско прашање за почитување на човековите права во Париз.

Францускиот претседател истакна дека, од таа причина, сака да им оддаде признание на силите за безбедност поради нивниот професионализам.

Макрон рече дека во Франција е дозволено слободно изразување и напомена дека демонстрациите на „жолтите елеци“ никогаш не биле забранети.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток