Најголем дел од зградите во кои живееме се изградени на сличен начин, ко модуларните гробници во Тетово, вели Јованов
Истражувачка репортерска лабораторија вчера го објави истражувачкиот документарен филм „Убиство во Тетово“ за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој живи изгореа 14 лица.
Професорката Тамара Јованов на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека најголем дел од зградите во кои живееме се изградени на сличен начин како модуларната болница во Тетово.
„Најголем дел од зградите во кои живееме се изградени на сличен начин, со слични постапки, ко модуларните гробници во Тетово.
Всушност, цела држава, секоја улица, секоја педа ја пеплосаа со вакви криминални постапки!
Сепак, молчењето е злато, дури буквално и самите не се запалиме – помалку боли, друг кога гори.
Пс. Себично општество секогаш ќе биде далеку од цивилизација!“, вели Јованов.