Македонија

Шилегов до Арсовска: Улицата “Втора Македонска бригада”, никогаш не била избришана во Скопје

Шилегов до Арсовска: Улицата “Втора Македонска бригада”, никогаш не била избришана во Скопје

 

dobivaj vesti na viber

Градоначалничката Данела Арсовска достави иницијатива до Советот на Град Скопје да се врати името на улицата Втора македонска бригада, која претходниот состав на советот ја променил во „Адем Демачи“. Поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов се огласи на Фејсбук и рече дека улицата “Втора Македонска бригада” никогаш не била избришана во Скопје.

„Улицата “Втора Македонска бригада”, никогаш не беше (била) избришана во Скопје. Втората македонска бригада е дел од најсветлата македонска историја. Историјата на НОБ и партизанското движење !!! Така било, така и ќе остане. Популистичките изјави од било која (чија) страна, се резултат на тотална неинформираност (или свесна манипулација) со јавноста. Ја нема таа сила која што мене би ме натерала да се откажам од светата борба за национална слобода на македонскиот народ. Поранешната ул. “Ловќенска 9”, се вика улица Втора Македонска бригада. Но, како што веќе беше кажано од моја страна, национализмот (чиј и да е) е прибежиште на наспособните“, напиша Шилегов во својата објава на Фејсбук.

Оваа улица доби ново име во мандатот на ексградоначалникот Петре Шилегов кога за да се сменат античките имиња кои беа поставени од неговиот претходник Коце Трајановки, нови имиња добија 485 улици. Град Скопје во 2019 објави анкета за предлози од граѓаните за нови имиња на улиците кои почнаа да се применуваат од 2022.

Макфакс

На почеток