Македонија

Голем пожар кај Дебрешта, трите „ер-трактори“ се упатени да интервенираат

Голем пожар кај Дебрешта, трите „ер-трактори“ се упатени да интервенираат

Од ЦУК информираат дека во атарот на с. Дебрешта, општина Долнени, изби поголем пожар во нискостеблеста деградирана шума

dobivaj vesti na viber

„За да се превенира негово ширење трите Ер Трактори на ДЗС се упатени да интервенираат“, додаваат оттаму.

Претходно имаше два пожари кај Брушино, Кавадарци. По целовечерна борба на пожарникарите од Кавадарци и тим на Национални шуми  и двата беа локализирани.

Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК упати апел до сите граѓани да бидат исклучително внимателни за да не предизвикаат пожар.

Макфакс

На почеток