Со 57 гласа „за“ и 12 гласа „против“ пратениците одлучија да се одложи примената на законот за трговија на зелени пазари.Парламентарното мнозинство гласаше за одложување, а опозицијата побара целосно укинување на законското решение , но не го доби. Сега е предвидено на јавни дебати со сите засегнати страни да се направи нов предлог Закон. Ваквата разврска следува откако претходно изгласаните одредби предизвикаа гнев кај пазарџиите, меѓу другото и поради тоа што се предвидуваше обврска за пазарџиите да плаќаат лиценца од 60 евра.
Пратеникот Ејуп Алими, кој беше еден од предалагачите на спорниот закон сега тврди дека со ова им се дава рок на пазарџиите и и владата да се усогласат.