Двајца полицајци завршиле во болница откако биле нападнати од група граѓани во Шуто Оризари.
Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил кога малолетничка наводно видела дека непознати лица насилно внеле женско лице во комбе, но не знаела за кого станува збор. Таа тоа му го кажала на возрасен маж, кој пријавил во полиција. Се собрала поголема група граѓани и во тој момент наишло возило во кое имало три лица, од кои двајца полициски службеници од Полициската станица Чаир, кои не биле на работа.
„Насобраните ги нападнале лицата кои биле во возилото и тие се пренесени во болница за укажување лекарска помош“, велат од МВР.
До овој момент, како што соопшти полицијата, нема пријава за исчезната девојка од ниту едно семејство и се преземаат мерки за расчистување на случајот.