Македонија

Облачно со врнежи од дожд, од петок промена на времето

Денес времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, претежно во источните делови. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта во источните делови. Дневната температура ќе се движи од 2 до 10 степени.

Во Скопје облачно време со температура од 0 до 5 степени.

До четврток под влијание на влажни воздушни бранови времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините (над 1400м.н.в) од снег. Денес во текот на ноќта кон среда и во среда врнежите ќе бидат пообилни во источните делови, локално ќе наврне над 30л/м2 дожд. Од петок се очекува значително затоплување, особено на повисоките места и на планините што ќе услови топење на снежната покривка.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток