Иако според податоците од 1970 година до денес емисијата на штетни гасови е намалена за 70%, ефектите кои ги има загадениот воздух не може да се занемарат. Според еден извештај загадувањето на воздухот било одговорно за смртта на 9 милиони луѓе само во 2015 година.
Постојат 2 нешта кои најмногу ги загрижуваат експертите. Првото е озонот, оној кој се формира кога емисијата на гасови од гориво создава смог. Овој смог ги иритира белите дробови, ја намалува нивната ефикасност и може да предизвика астма, но и други проблеми во текот на животот.
Второто нешто се воздушните честички, кои иако се помали од 2,5 микрометри, сепак носат загадувачи, вклучувајќи и полициклични ароматични јаглеводороди. Штетата која ја прават овие честички е многу поголема од проблеми со белите дробови и астма. Бидејќи честичките се многу мали, тие лесно минуваат низ филтрите и влегуваат во нашите носови и грла. Од таму завршуваат во нашата крв и се разнесени низ целото тело. Тие може да предизвикаат разни кардиоваскуларни проблеми, како и невродегенеративни болести. Се покажало дека бремените жени кои се изложени на овие честички имаат поголем ризик да родат дете со помал коефициент на интелигенција или пак, со нарушување на хиперактивноста и намалено внимание. Исто така загадувањето на воздухот се поврзало и со зголемена дебелина кај децата.
