Македонија

Ахмети рече и се премисли: „Ќе си одам кога ќе влеземе во НАТО“

Kога во 2014 година лидерот на ДУИ, Али Ахмети, најави дека ќе се повлече од политиката кога Македонија ќе стане дел од НАТО, веројатно ниту самиот не веруваше дека тоа ќе се случи за пет години. Во услови кога се вклопуваа последните коцки од проектот „Скопје 2014“ и со тоа се отстрануваа шансите за договор со Грција, на Ахмети, кој верно му служеше на Никола Груевски, полесно му беше да даде ветување за кое мислеше дека никогаш нема да дојде до тестирање. Ахмети засега не навестува дека планира да го одржи зборот кога влегувањето на Македонија во Алијансата е само прашање на техничка процедура.

„Беспредметно е воопшто да се разговара на таа тема“, ни рече кусо Артан Груби, сегашен пратеник во Собранието и шеф на неговиот кабинетот со кого е врзан и кумовски.

Фотелјата му е сигурна

Извори од Демократската унија на Албанците велат дека воопшто не е разговарано за повлекување на Ахмети од челната позиција во партијата. Изминатиот период биле сконцентрирани на реализација на договорот за името, а сега биле фокусирани на реформите со цел добивање препорака за старт на преговорите со Европската Унија, поради што не поддржуваат спроведување предвремени парламентарни избори.

„Фотелјата на претседателот е сигурна“, тврди нашиот соговорник.

Повеќе на Независен.мк

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток